
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ВВ ТИКВЕШ
На 8 февруари 2019 година во просториите на ВВ Тиквеш во Кавадарци, во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци беше спроведена доброволна крводарителска акција од страна на Институтот за трансфузиона медицина на РМ.
Притоа беа дарувани 22 единици крв, при што одговорните и вработените ја покажаа својата хуманост и солидарност, а акцијата се спроведе во позитивна атмосфера и трудејќи се колективот да ги удостои и крводарителите и лицата кои ја реализираа акцијата.
На акцијата присуствуваа двајца млади волонтери кои водеа евиденција на крводарувањата, а со тоа се мотивираа за идни потенцијални крводарители.
Акцијата беше следена од локалната КТВ телевизија и емитувана во вестите со цел да се даде значење на истата и да поттикне и останати компании да се вклучат во крводарувањето.