
февруари 7, 2020
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ВВ ТИКВЕШ
На 7 февруари 2020 година во просториите на ВВ Тиквеш во Кавадарци, во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци беше спроведена доброволна крводарителска акција од страна на Институтот за трансфузиона медицина Скопје.
Притоа беа дарувани 27 единици крв, при што одговорните и вработените ја покажаа својата хуманост и солидарност, а акцијата се спроведе во позитивна атмосфера трудејќи се колективот да ги удостои и крводарителите и лицата кои ја реализираа акцијата.
Акцијата беше следена од локалната КТВ телевизија и емитувана во вестите со цел да се даде значење на истата и да поттикне и останати компании да се вклучат во крводарувањето.











































