октомври 17, 2024

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО АЛAЈАНС УАН ВО КАВАДАРЦИ

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци на 17 октомври 2024 година спроведе доброволна крводарителска акција во Тутунската компанија Алајанс Уан, каде што вработените имаа можност да ја покажат својата хуманост и да даруваат крв.

Акцијата ја организираше Општинската организација Кавадарци и истата ја реализира екипа од Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

Од страна на управата на самата компанија веќе традиционално, како и во изминатите години, беше покажана голема организација за успешно спроведување на акцијата, и се покажа голема почит и внимание кон сите доброволни крводарители.

За секој крводарител следуваше посебно внимание и грижата кон вработените што ја покажаа одговорните од оваа фирма во една пријатна и релаксирана атмосфера за работа, почитта кон хуманоста, солидарноста и вреднувањето на општествената одговорност, вреди да се поздрави и да биде пример и за останатите компании во кои се спроведуваат доброволни крводарителски акции.

На акцијата даруваа 26 крводарители .

< врати се назад