
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА – КАВАДАРЦИ И КОВИН
По 15 пат, Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци во период од 14-16 јуни 2019 година беше во посета на градот Ковин РС на средбата помеѓу општинските организации на Црвен крст Кавадарци и Ковин. По повод 14 јуни Светскиот ден на крводарителството, а на покана на Општинската организација на Црвен крст Ковин гостуваа над 50 лица (претставници од РО и Управата на Собранието на Црвен крст на Република Макрдонија Општинска организација Кавадарци , волонтери и членови од Клубот на млади и крводарители од Кавадарци) во Ковин РС.
На 14 јуни вечерта беше организирана заедничка дружба на претставниците гости и домаќини од двете општински организации на заедничка вечера во ресторанот Чардак за околу 200 лица домаќини и гости.
На 15 јуни на Градскиот плоштад во Ковин беше организирана показна вежба по прва помош, каде екипа на нашата организација се претстави со една позиција на 3 работни места под менторство на професорот Александар Јорданов.
На 16 јуни во просториите на Општинската организација на Црвен крст Ковин беа презентирани извештаи од реализирани активности согласно програмите за работа пред волонтерите на Општинската организација Кавадарци и Ковин .Особено беше потенцирано зајакнувањето на капацитетите околу крводарителството, првата помош , од областа на екологијата и спречувањето на трговијата со луѓе , активности од социјално хуманитарната дејност, односно областите од оквирот на работењето на Црвениот крст. Последниот ден беше посетен и градот Белград со цел мотивција за во иднина и благодарност на волонтерите и членовите за успошно реализираните досегашни активности.
Оваа средба придонесе за размена на искуства и практики и од други области кои сигурно ќе бидат применети во работењето на двете организации на Црвениот крст, сплотување на волонтерите од двата клуба на млади и волонтерите, членовите и крводарителите на двете општински организации на Црвениот крст.