април 19, 2023

НАШЕТО МАЛКУ ЗА НЕКОЈ Е МНОГУ

Учениците од ОУ Гоце Делчев Кавадарци кој што се дел од ЦКА-ПХВ програмата на Црвен крст Кавадарци вчера беа во посета на специјалната паралелка на ОУ Страшо Пинџур Кавадарци и се дружеа со дечињата. Потоа беа во посета на социјално загрозено семејство од Кавадарци на кој што им беше однесен пакет во храна донација од Минекс Маркети Кавадарци и облека донирана од младите од ОУ Гоце Делчев од Кавадарци.

Сакаме да изразиме голема благодарност до Минекс Маркети Кавадарци кој што донираа пакет со храна и голема благодарност до персоналот и учениците од ОУ Гоце Делчев за нивните донации во облека Нашето малку за некој е многу.

< врати се назад