март 28, 2024

Национален совет за родова рамноправност

            На ден 28.03.2024 година во салата на Општина Кавадарци беше одржан форум од страна на националниот совет за родова рамноправност.

            На овој форум покрај претставници од невладин сектор, локална самоуправа, здруженија, присуствуваа вработени и волонтери од Општинската Организација на Црвен крст Кавадарци.

            Овие форуми служат како клучни платформи за дијалог и соработка, со цел да се поттикне инклузивноста и да се адресираат релевантни прашања во нашите заедници.

            Овој форум има за цел консултација со граѓаните на темите родова рамносправност, борба против дискиминација и инкорпорирање на интерсекцискиот пристап при решавање на предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост.

            Претставниците на Општинската организација на Црвен крст Кавадарци се вклучија во дискусија за појаснување на социјалната услуга “ Помош и нега во домот ” која се спроведува на територија на Општина Кавадарци.

            Додека младите волонтери дискутираа на тема социјалниот живот во Општина Кавадарци.

< врати се назад