октомври 17, 2024

НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ДИЈАБЕТЕС

Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 10-16 октомври 2024 година традиционално ја одбележува  Неделата на борба против шеќерна болест (дијабетес) под мотото „Здрави животни навики во превенција на дијабетес – Едуцирај се и превенирај дијабетес“.

Целта на кампањата е подигнување на свеста на населението, за тоа што претставува дијабетесот и негова превенција преку воспоставување на здрави животни навики.

За таа цел на 16.10.2024 година во просториите на Општинската организација на Црвен крст Кавадарци се одржа презентација од страна на стручно лице каде целна група беа кандидати од програмата за лична асистенција каде покрај презентацијата на кандидатите им беше покажано и практично како се мери шеќерот во крвта.

< врати се назад