октомври 18, 2024

НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ДИЈАБЕТЕС

По повод Неделата на борба против дијабетес Црвениот крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци во соработка со Пензионерскиот дом Кавадарци ја одбележаа неделата со мерење на шеќер во крвта на пензионерите во просториите од пензионерскиот дом.

Целта на кампањата е подигнување на свеста на населението, за тоа што претставува дијабетесот и негова превенција преку воспоставување на здрави животни навики.

На 38 лица им беше измерен шеќерот во крвта а воедно и крвниот притисок, како и во годините наназад, бидејќи Црвен крст Кавадарци и Здружението на пензионери Кавадарци имаат секогаш блиска и успешна соработка.

< врати се назад