октомври 31, 2023
НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ШЕЌЕРНА БОЛЕСТ
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација Кавадарци по повод Недела на борба против шеќерна болест одржа едукативно предавање од страна на стручно лице на негователите на стари лица од Нега Центар Кавадарци и граѓанството, со цел подигање на свеста за превенција и навремено дијагностицирање на дијабетот. На предавањето присутните покрај што се запознаа со ризиците и факторите кои доведуваат до појавата на болеста можеа да добијат и совети во однос на измерената количина на шеќер по предходно мерење.