
НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ СРЦЕВОСАДОВИ ЗАБОЛУВАЊА
Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци во период од 21-28 февруари под мотото ,,Мое срце, Твое срце“ ја одбележа Неделата за борба против срцевосадови заболувања и притоа беа одржани 4 едукативни работилници со над 100 ученици од осмо и деветто одделение во 4 основни училишта во Кавадарци.
За спроведување на овие работилници беше ангажиран д-р Тони Јованов, стручно лице кое најдобро им ги пренесе знаењата на присутните на работилниците за најчестите причини за појава на срцевосадовите заболувања, беа користени едукативните материјали и power point презентацијата и истите беа објавени и на локалните медиуми со цел информирање и на општата популација.
Она што беше потенцирано на одржаните работилници е воспитувањето од млада возраст за посветеност кон следење на правилни животни навики и менување на истите доколку се греши во начин на исхрана, физички активности, конзумирање алкохол, пушење и друго со цел да го одржиме нашето срце здраво.