НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ
На ден 12.12.2023 година по повод Недела на борба против трговија со луѓе во основното училиште Димката Ангелов Габерот Ваташа се одржа едукативна работилница на ученици од 8 одделение од страна на стручно лице.
Исто така и во просториите на Црвен крст Општинска Организација Кавадарци се одржа едукативна работилница на ученици од средните училишта по повод Недела на борба против трговија со луѓе а во склоп со проектот на Фонд за развој Здрави млади – здрав темел и квалитетна организација.
Целта на едукативната работилница е запознавање со поимот, причините, фазите на трговијата со луѓе како и превенција од овој вид на организиран криминал.
Преку презентација, видео филм и професионални искуства на присутните одблиску им се претстави сликата за тоа што претставува трговија со луѓе.