мај 16, 2023

НЕДЕЛА НА ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

            По повод одбележувањето на Неделата на Црвениот крст на Република Северна Македонија во ООЦК Кавадарци беа организирани повеќе настани со цел промоција на работата на Црвениот крст под мотото “Од срце”.

            На 15.05.2023 година на градскиот плоштад во Кавадарци беше организиран настан за дистрибуција на пригоден материјал од повеќе дејности на организацијата.

            Околу 30 волонтери на Црвениот крст направија промоција на организацијата со дистрибуција на флаери со тематика од негата и грижата за старите лица, крводарителството, првата помош, превенција од дијабетес и ЦКА/ПХВ програмата.

            Голем беше интересот од граѓаните кои случајно се најдоа на настанот и на кои им беа поделени информативни флаери.

< врати се назад