Недела на грижа на старите лица
Црвен крст на Република Северна Македонија од 20 до 26 ноември 2023 година ја одбележува “Неделата на грижа на старите лица” под мотото: “Сите сме нивни деца”.Поддршката е обезбедена од страна на УНФПА.
На ден 22.11.2023 година во просториите на Црвен крст Општинска Организација Кавадарци се организира информативна работилница со старите лица за нивно запознавање со правата од социјална и здравствена заштита со цел подобрување на нивниот квалитет на живеење и здраво стареење. На работилницата од страна на двајца социјални работници им беше презентирана презентација за правата од социјална и здравствена заштита, како и промоција на социјалните услуги за нега и помош на стари лица во домашни услови кои го работиме активно веќе 2 години.
Исто така од страна на медициско лице им беше објаснато за шеќерната болест и крвниот притисок при што на истите им беше измерен шеќер во крвта и мерење на крвен притисок.
Од оваа работилница произлезе иницијатива за изработка на креативни дела кои ќе бидат наменети за лица со посебни потреби.
По работилницата сите беа поканети на дружба и освежување.