мај 10, 2019

НЕДЕЛА НА СОЛИДАРНОСТ

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Кавадарци и оваа година успешно ја спроведе Неделата на солидарност во текот на месец април под мотото: “ Вашиот прилог – значајна помош”.
Притоа беа организирани учениците и наставниците од 5 основни училишта во спроведување на акцијата, односно на јавните места во Кавадарци и Росоман беа поставени постери со пригодна содржина и беа поделени 650 флаери на граѓанството. Поточно беа формирани групи од волонтери кои обележани со амблемот на Црвен крст ги посетија домовите на граѓаните и притоа собраа окулу 20 000 денари. Собраните средства се наменети за ученици од социјално загрозени семејства по потреба на училиштата за покривање на трошоци за храна, хигиена, облека, училишен прибор и др.
Акцијата исто така беше најавена и на локалните медиуми со цел да се информира јавноста за целта на акцијата и подигање на свеста кај граѓанството за хуманост и солидарност и потребната меѓусебна подршка и помош за ранливото население.

< врати се назад