
Недела на солидарност
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци активно се вклучи одбележувањето на традиционалната “Недела на солидарност” во период од 17 до 23 Април под мотото: Вашиот прилог – значајна помош.
Целта за спроведување на оваа недела е преку организирање на хуманитарни акции да се подигне свеста на населението за меѓусебната поддршка и помош на ранливото население. На видни места во градот и во основните и средните училишта беа поставени постери со пригодна содржина за неделата.
Притоа во ОУ Пере Тошев Росоман беше организирана солидарна акција при што беа собрани поголема количина на облека, храна и средства за хигиена.
Собраната помош од акцијата беше дистрибуирана на лица од социјално загрозени семејства.