ноември 21, 2019

НЕДЕЛАТА ЗА ГРИЖА НА СТАРИТЕ ЛИЦА-ПОВОД ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА АКЦИЈА ЗА ИНФОРМИРАЊЕ ОД СОЦИЈАЛНА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА СТАРИТЕ ЛИЦА

Волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци на 21.11.2019 година спроведоа акција за дистрибуција на пригоден материјал-флаери на јавните места во градот , односно на градскиот плоштад и градскиот пазар.
Притоа беа поделени околу 100 флаери со следните содржини: заштита од насилство и обезбедување на старателство и на возрасните лица, правата за издржување во случај кога семејството нема доволно средства за издржување, вонинституционална и институционална заштита, права на парична помош од социјална заштита , за установи за социјална заштита и здравствена заштита на примарно и секундарно ниво на старите лица.
Исто така во наредните денови во соработка со ЦСР Кавадарци и со волонтерите од Клубот на млади беше направена посета во домовите на старите лица и им беа поделени пакети со прехранбени артикли.
Акциите се медиумски проследени со цел да биде информирана јавноста и кај младите и останатите граѓани да се побуди чувство за подршка и помош на старите и изнемоштените лица.

 
< врати се назад