
НИКОЈ НЕ Е НИЧИЈА СОПСТВЕНОСТ
Во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци и Полициска станица ОН Кавадарци на 18 октомври по повод Европскиот ден за спречување на трговијата со луѓе на Градскиот плоштад се одржа настан под наслов ,,Никој не е ничија сопственост“.
Учество зедоа околу 100 лица, волонтери и членови на Општинската организација, ученици од трите средни училишта со своите наставници и претпоставени. На настанот беа поставени кукли со соодветни пораки и импровизирани жртви на трговијата со луѓе. Голем интерес пројавија случајните минувачи, кои подзастануваа и прашуваа со цел да добијат повеќе информации за оваа појава, а токму и тоа беше целта за информирање на јавноста и навремено спречување на трговијата со луѓе. Од страна на волонтерите беа поделени флаери од каде можеа голем број на граѓани да добијат мошне корисни информации.