
НИКОЈ НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ САМ ЗА БАДНИК И БОЖИЌ
На ден 06.01.2024 година во организација на Општина Кавадарци и во соработка со неколку општествено одговорни компании трета година по ред се организира заеднички ручек на градски плоштад.
Идејата е на еден од најдобрите готвачи шеф Горан Филипов кој заедно со уште неколкумина познати професионални готвачи од Македонија се потрудија да ја реализираат и барем на момент да им го доловат празничниот дух на многу наши сограѓани.
Во оваа организација беше вклучен и Нега Центарот на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци.
Негувателите од Нега Центарот земаа околу 30 порции од зготвената храна за своите корисници кои живеат сами и беа послужени во нивните домови, а со тоа им овозможија да го почувствуваат празникот Бадник и да ги усреќат за момент.
Корисниците изјавија задоволство и благодарност кон градоначалникот на Општина Кавадарци и негувателите од ООЦК Кавадарци.