
ОДБЕЛЕЖАН 1 ВИ АПРИЛ-ДЕНОТ НА ШЕГАТА
Волонтерите при Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци, по повод 1ви Април Денот на шегата, заедно со децата со посебни потреби од Дневниот центар и Посебните паралелки изработија околу 50 маски преку две работилници кои се одржаа на 29 март во склоп на проектот ,,Подобрување на социјализацијата на лицата со посебни потреби“ финансиски подржан од Комерцијална банка.
Целта е поттикнување на можностите на лицата со посебни потреби кои заедно со волонтерите на Црвениот крст со креативност и свои идеи успешно изработија прекрасни маски, а потоа сите тие под најразлични маски на 1ви април се претставија на Градскиот плоштад во присуство на останатите деца од училиштата од Кавадарци.
Радоста на децата е голема, особено при изработката на маските кога тие смислуваат под која маска да се претстават и кој да биде највпечатлив на маскенбалот.
Како резултат на сето претходно сработено децата потоа се радуваат, кажуваат, а и во останатите денови имаат за што да разговараат.