март 8, 2019

ОДБЕЛЕЖАН 8 МАРТ-ДЕНОТ НА ЖЕНАТА

Во склоп на проектот ,,Подобрување на социјализацијата на лицата со посебни потреби,, финансиски подржан од Комерцијална банка, лицата со посебни потреби од Дневниот центар и Посебните паралелки заедно со волонтерите на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци спроведоа 2 работилници за изготвување на честитки по повод 8 март-Денот на жената.
На 07 и 08 март во присуство на околу 50 лица од Посебните паралелки и Дневниот центар при МТЦСР Кавадарци и волонтерите на Црвениот крст, беа изработени 50 честитки наменети за мајките, бабите и наставничките на лицата со посебни потреби.
Беа подготвени и подарени прекрасни осмомартовски честитки кои ги разнежнија срцата на мајките и учителките со нивното внимание, а посебно што тие самите и волонтерите се погрижија за организација на овој убав гест.

 
< врати се назад