
ОДБЕЛЕЖАН Е 3 ДЕКЕМВРИ-МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ
Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци во склоп на проектот ,,Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби,, заедно со лицата со посебни потреби од Дневниот центар и Посебните паралелки од училиштето Страшо Пинџур од Кавадарци на 03 Декември во ресторан Eксклузив го одбележа Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.
На овој настан присуствуваа околу 40 лица, деца и млади со посебни потреби, волонтери на Црвен крст, наставници и воспитувачи на децата. За секој присутен следуваше порција пица, а токму тоа е и целта на овој настан, децата да се учат на правилно однесување во ресторан, а во исто време да се дружат и забавуваат.
Овој проект е финансиски подржан од Комерцијална банка АД Скопје, истиот се релизира 9 години наназад и од истиот се задоволни децата, нивните родители и наставници, преку кој проект се одржуваат бројни активности, работилници и рекреативни прошетки кои им прават задоволство и радост на децата.