септември 13, 2023

Одбележана неделата на борба против Туберкулозата од 14-21 Септември

            Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци и оваа година се вклучи во одбележувањето на Неделата на борба против ТБ во период од 14-21 Септември 2023 година и истата се одбележа под мотото “Да! Можеме да ставиме крај на ТБ.”

Притоа на 11 и 12 Септември 2023 година во просториите на ООЦК Кавадарци се одржаа 2 информативни предавања со 2 групи на сертифицирани негуватели на стари лица и лица со попреченост од страна на стручно лице доктор инфектолод Др. Тони Јованов.

            На предавањата беа опфатени темите за тоа што престравува ТБ кој е причинител за истата и начинот на пренесување, причини за предизвикување на болеста, глобалното влијание на ТБ, состојбата со ТБ во РСМ, лекувањето и важноста на хигиено диететскиот режим и здравиот начин на живот.

            Презентацијата беше проследена од локалните медиуми со цел пошироко информирање на граѓаните на Општините Кавадарци и Росоман.

            За време на предавањето слушателите на предавањето покажаа голем интерес за темата, поготово што тие секојдневно ги посетуваат домовите на старите лица каде треба да им ги пренесат овие знаења.

< врати се назад