март 19, 2024

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕН НА ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО

            По повод Одбележување на 17 Март – Ден на формирањето на Црвен крст на Република Северна Македонија и Ден на крводарителството на ден 18.03.2024 година во просториите на Општина Кавадарци се одржа свечен настан за доделување на благодарници на крводарители кои дарувале крв 4  пати во една календарска година, 25 пати, 50 и 75 пати.

            На самиот настан претседателот на Општинската организација на Црвен крст Кавадарци господинот Димитар Каракулев ги поздрави присустните и имаше свој говор, а потоа од име на Советот на Општина Кавадарци се обрати советникот господинот Перо Николов.

            Крводарителите кои имаа дарувано 4 пати во една календарска година добија скромни подароци.

            Тие што дарувале крв 25 пати добија благодарници со значка, додека крводарителите што дарувале крв 50 и 75 пати добија јубилејни признанија и рачни часовници.

< врати се назад