март 25, 2024

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА БОРБА ПРОТИВ ТИБЕРКУЛОЗА

            По повод одбележување на Светскиот ден на борба против туберкулоза 24 Март 2024 година Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци на ден 25.03.2024 одржа едукативни работилници во Основното училиште Пере Тошев од Росоман.

            Оваа година мотото за Светкиот ден на борба против туберкулоза е “Да! Можеме да ставиме крај на ТБЦ”

            Во училиштето се одржаа 3 едукативни работилници на кои учествуваа 78 ученици од 8 и 9 одделение од страна на стручно лице.

            Овие работилници се одржаа се со цел да го поттикнеме забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидимија на туберкулоза, запознавање на младата популација со глобалното влијание на ТБЦ, состојбата со ТБЦ во Република Северна Македонија, Препознавање на туберкулоза, белодробен облик на туберкулоза, вонбелодробна туберкулоза, Причинители, Извор на зараза, Пренесување, Инкубација, Спречување и сузбивање на туберкулозата.

            Учениците беа доста активни на оваа тема, заинтересирани за прашања на кои добија одговор од стучното лице.

< врати се назад