октомври 31, 2023
Одбележување на светскиот ден на борба против трговија со луѓе
По повод Светскиот ден на борба против трговија со луѓе Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци одржа едукативна работнилница. На оваа едукативна работилница присуствуваа ученици од сите основни и средни училишта од Општина Кавадарци.
На предавањето тие беа запознати со поимот, причините, фазите на трговијата со луѓе, како и превенција од овој вид на организиран криминал. Преку презентација, видео филм и лични искуства на присутните одблиску им се претстави сликата за тоа што претставува трговија со луѓе.