
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 3ти ДЕКЕМВРИ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
По повод 3ти Декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост Црвен крст Општинска Организација Кавадарци во склоп на проектот “Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби” заедно со лицата со попреченост од дневниот центар и учениците од второ одделение од основното училиштето Тошо Велков Пепето Кавадарци организираа едукативна работилница.
Темата на едукативната работилница беше “Сите деца се исти” каде сите дечиња заедно пишуваа пораки на хартија и потоа ги лепеа на хамер. Исто така учениците имаа подготвено балони за сите лица на кои им беа поделени. Оваа работилница побуди радост и среќа на лицата со попреченост особена за дружбата и комуникацијата што ја остварија.
Работилницата исто така поттикна и понатамошна соработка и дружба на учениците со овие лица.
Овој проект е финансиски поддржан од Комерцијална Банка АД Скопје, истиот се реализира години наназад и од истиот се задоволни децата, нивните родители и наставници преку кој проект се одржуваат бројни активности, работилници и рекреативни прошетки кои им прават задоволство и радост на децата.