ноември 13, 2023

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ГЛАДТА

Светскиот ден за храната се одржува секоја година од 16-22 Октомври под мотото   “ Помислете и на нас ”. Целта е да се постигне безбедност на храна за сите и да се погрижиме луѓето да имаат редовен пристап до доволно храна за да водат активен и здрав живот, односно унапредување на солидарноста, меѓусебната соработка и помагањето.

За реализација на кампањата беа дистрибуирани електронски флаери, а традиционално и оваа година со донација од парични средства се вклучија основните и средни училишта од кои беа направени 30 пакети со основни прехрамбени артикли и истите беа донирани на лицата со посебни потреби од посебните паралелки при ОУ Страшо Пинџур Кавадарци и останатите основни училишта каде имаше потреба од помош. Во кампањата освен парични средства основните училишта донираа и конзервирана храна.  

Во оваа активност беа вклучени 50 волонтери на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци. Активностите беа медиумски покриени со цел покренување на општото мислење на јавноста за проблемите на сиромаштијата.

< врати се назад