февруари 23, 2024

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ СРЦЕВОСАДОВИ ЗАБОЛУВАЊА ПОД МОТОТО “ ЗДРАВИ ЖИВОТНИ НАВИКИ ВО БОРБА ПРОТИВ СРЦЕВОСАДОВИ ЗАБОЛУВАЊА”

ОД 21-28 ФЕВРУАРИ

                На ден 21.02.2024 по повод Одбележувањето на Неделата на борба против срцевосадови заболувања во ОУ Страшо Пинџур Кавадарци се одржаа 2 едукативни предавања под мотото “ Здрави животни навики во борба против срцевосадови заболувања.”

                Овие едукативни предавања беа спроведени од страна на стручно лице а присуствуваа 41 ученик.

                Едукативните предавања им овозможија на учениците да се запознаат со тоа што е срцевосадова болест, како да се заштити срцето, какви фактори на ризик постојат.

                Учениците беа доста заинтересирани за предавањата и поставуваа прашања на кои сите добија одговор.

< врати се назад