ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ СРЦЕВОСАДОВИ ЗАБОЛУВАЊА ПОД МОТОТО “ ЗДРАВИ ЖИВОТНИ НАВИКИ ВО БОРБА ПРОТИВ СРЦЕВОСАДОВИ ЗАБОЛУВАЊА”
ОД 21-28 ФЕВРУАРИ
По повод Одбележувањето на Неделата на борба против срцевосадови заболувања на ден 22.02.2024 година во ОУ Димката Ангелов Габерот Ваташа се одржаа 2 едукативни предавања под мотото “ Здрави животни навики во борба против срцевосадови заболувања.”
Едукативните предавања беа спроведени на учениците од 8 и 9 одделение каде присуствуваа 37 ученици.
На овие предавања учениците беа запознати со срцевосадовите заболувања, одржувањето на телесната тежина и здравата исхрана од страна на стручно лице.
Учениците поставуваа прашања од типот што предизвикува срцевосадова болест, што е тоа холестерол, гликемија, срцев удар и многу други прашања на кои добија одговор од страна на стручното лице.