февруари 23, 2024
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ СРЦЕВОСАДОВИ ЗАБОЛУВАЊА ПОД МОТОТО “ ЗДРАВИ ЖИВОТНИ НАВИКИ ВО БОРБА ПРОТИВ СРЦЕВОСАДОВИ ЗАБОЛУВАЊА”
ОД 21-28 ФЕВРУАРИ
Неделата на борба против срцевосадови заболувања се одбележа на ден 23.02.2024 година во ОУ Димката Ангелов Габерот Кавадарци под мотото “ Здрави животни навики во борба против срцевосадови заболувања.”
Се одржаа 2 едукативни предавања на 34 ученици.
Предавањата на учениците им беа доста интересни бидејќи како што знаеме целна група на овие заболувања се лицата на возраст од 35-55 години во кои спаѓаат нивните родители.
Учениците беа запознати со болести на срцевосадови заболувања, крвниот притисок, срцев удар.
Тие беа доста активни во делот на поставување на прашања, па кои што го интересираше поставуваше прашања за да добие одговор од стручното лице.