февруари 6, 2024

ОДРЖАНИ ДИСЕМИНАЦИСКИ СЕСИИ ВО ОУ СТРАШО ПИНЏУР КАВАДАРЦИ

 Во месец Јануари во просториите на ОУ СТРАШО ПИНЏУР Кавадарци се одржаа три дисеминациски сесии со 100 ученици од 6 до 9то оддделение. Голем дел од нив сакаат да се приклучат со волонтерски активности во нашата организација.

Најнапред учениците имаа можност да ги проследат 2 презентации и тоа: Седумте основни принципи на Движењето и Дисеминациска сесија.

Преку овие презентации учениците се запознаа со приказната за Црвениот крст, Амблемот на Црвениот крст , Компонентите на Движењето, основните принципи, структурната поставеност на ЦКРСМ и дејностите на организацијата.

Оваа работилница побуди интерес кај присутните кои поставуваа прашања особено со примена на принципите на Црвениот крст надвор од РСМ, околу историјатот и програмите за работа на организацијата и прашања околу волонтирање и членување во организацијата.

Дисеминациските сесии беа одржани со презентација од страна на дисеминаторот Верица Иловска.

< врати се назад