декември 12, 2023

ОДРЖАНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА ОРИЕНТЕРСТВО И ДИСЕМИНАЦИЈА И СЕСИИ СО ЛИДЕР И КООРДИНАТИВНО ТЕЛО НА КЛУБ НА МЛАДИ

На ден 11.12.2023 година во просториите на основното училиште Димката Ангелов Габерот од Ваташа на ученици од 8 одделение им се одржаа презентации за ориентерство и дисеминација како и сесии со лидер и координативно тело на Клуб на млади.

Овие презентации и сесии се во склоп на проектот за Фонд за развој и проекти за млади под името “ Здрави млади – здрав темел и квалитетна организација ”.

Целта на проектот е зајакнување на капацитетите на младите волонтери преку градење на меки вештини и вештини за лидерство и начини на организирање на Клубот на млади во рамките на ООЦК Кавадарци, Подобрување на условите во кои ќе работат и ќе се организираат и работат волонтерите, Развивање на практики за добро организирање, подготвување на програми и акции на Клубот на млади, Зголемување на бројот на волонтери и подобрување на меѓусебната соработка на членовите на Клубот на млади со сегашните и идните волонтери, Зголемување на мотивацијата за работа, членување во организацијата и воведување на нови практики, преку обезбеден уреден и креативен простор каде младите би ги развивале своите идеи.

Истите ќе се стекнат со практични вештини кои ќе придонесат за подобро и поквалитетно себереализирање, како и зголемени вештини за реализација и организација на активности во рамките на програмата на клубот на млади и за време на реализација на проектот и понатаму.

< врати се назад