декември 13, 2019

ОДРЖАНИ РАБОТИЛНИЦИ ПО ПОВОД НЕДЕЛАТА НА БОРБА ПРОТИВ ХИВ СИДА

ОДРЖАНИ РАБОТИЛНИЦИ ПО ПОВОД НЕДЕЛАТА НА БОРБА ПРОТИВ ХИВ СИДА
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци во месец декември се вклучи во одбележувањето на Неделата за борба против ХИВ/СИДА и тоа со низа активности: презентации, предавања и работилници.
Во основното училиште ,,Тошо Велков Пепето“ на 12 декември се одржа работилница за информирање на младите за тоа што претставува ХИВ/СИДА и подигање на свеста кај младите за заштита и превенција од истата. Работилницата се одржа под менторство на волонтерот Билјана Стефковска и наставникот по биологија Орхидеа Димовска во присуство на околу 20 ученици и притоа менторите беа изненадени од интересот, бројните прашања кои беа поставувани од учениците и нивните знаења во врска со темата.
На оваа тема планирани се работилници и во останатите училишта.

< врати се назад