
ОДРЖАНИ РАБОТИЛНИЦИ ПО ПОВОД НЕДЕЛАТА НА БОРБА ПРОТИВ ХИВ СИДА
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци во месец декември се вклучи во одбележувањето на Неделата за борба против ХИВ/СИДА и тоа со низа активности: презентации, предавања и работилници.
Во основното училиште ,,Гоце Делчев“ на 13 декември се одржа работилница за информирање на младите за тоа што претставува ХИВ/СИДА и подигање на свеста кај младите за заштита и превенција од истата. Работилницата се одржа под менторство на волонтерот Билјана Стефковска и наставникот по биологија Благоја Ѓурчиновски во присуство на околу 20 ученици и притоа менторите се трудеа максимално да одговорат на бројните прашања кои беа поставувани од учениците и ги слушнаа нивните знаења во врска со темата.
На оваа тема планирани се работилници и во останатите училишта.