декември 5, 2019

ОДРЖАНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД БОЛЕСТИ НА ЗАВИСНОСТ

Во месец ноември 2019 година во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци во просториите на основните и средните училишта се одржаа едукативни работилници на тема превенција од болести на зависност: алкохолизам, пушење и дроги.
На работилниците присуствуваа околу 300 ученици од осмо и деветто одделение, наставници и волонтери на Општинската организација, на кои работилници покрај презентациите, пак многу внимателно со младите се дискутираше на темата и беа пренесени информациите за превенцијата од овие зли болести, но во исто време и на последиците од истите.
Со голем интерес беа проследени работилниците, беа поставувани обострано голем број на прашања, а во исто време присутните добија и одговори и појаснувања од волонтерите за се што ги интересираше на оваа тема.

< врати се назад