јануари 17, 2024

ОДРЖАНИ СЕ 30 ОБУКИ ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

            Во период Ноември-Декември во просториите на Црвен крст на Република Северна Општинска Организација Кавадарци се реализираа 30 обуки за ментално здравје по проект за млади “ Здрави млади, здрав темел на организација ”.

            Преку овие обуки младите се стекнаа со знаења за: Водење на грижата на менталното здравје, свесност за менталното здравје, што е стрес и како да се надмине стресот.

            За младите купен е статичен компјутер за опрема на нивната канцеларија, и направено е младинско катче за младите.

            Исто така се одржаа дополнителни работилници од кои 10 за врсничко насилство и 30 работилници за дисеминација, ориентерство и лидерство на младите.

            По завршување на проектот сите учесници се здобија со серификати и доделени им беа брошури на тема ментално здравје.

< врати се назад