март 21, 2023

Одржани презентации за превенција од Туберкулоза

            На 20.03.2023 година во основните училишта Димката Ангелот Габерот – Ваташа и Гоце Делчев Кавадарци беа одржани две презентации од страна на стручно лице на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци.

            Преку овие презентации учениците од деветите одделениа беа информирани за: Причини, симптоми, дијагноза, последици и превенција од Туберкулозата.

            Бидејќи е болест на социјално ранливи категории на лица кои живеат во тешки социјални услови целта е младите да бидат информирани за одржување на личната хигиена, здравиот начин на исхрана, физички активности и рано пријавување на лекар доколку се осетат симптомите на болеста.

< врати се назад