ОДРЖАНИ РАБОТИЛНИЦИ ПО ПОВОД НЕДЕЛАТА НА БОРБА ПРОТИВ ХИВ СИДА
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци во месец декември се вклучи во одбележувањето на Неделата за борба против ХИВ/СИДА И СПИ и тоа со низа активности: презентации, предавања и работилници.
Во 2 средни училишта на 06 декември се одржаа 3 работилници за информирање на младите за тоа што претставува ХИВ/СИДА и СПИ со цел подигање на свеста кај младите за заштита и превенција од истате. Работилниците се одржаа под менторство на стручно лице и обучен врснички едукатор во присуство на 74 ученици и притоа од страна на предавачот максимално им беше одговорено на бројните прашања кои беа поставувани од учениците и појаснето за нивните знаења во врска со темата.
На оваа тема планирани се работилници и во останатите училишта.



