
мај 17, 2023
Опрема од дидактички едукативен материјал и спортски реквизити за децата со посебни потреби од Кавадарци
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци во склоп на проектот “Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби” финансиски поддржан од Комерцијална банка ги опреми дневниот центар и посебните паралелки за деца со посебни потреби од Кавадарци со дидактички едукативни и спортски реквизити.
Околу 35 деца ќе имаат можност да ги развиваат и надоградуваат своите способности со помош на овие реквизити низ игра и забава заедно со волонтерите на Црвениот крст.
Целта е развој на фината моторика, когнитивни способности, развој на одредени карактеристики : истрајност, трпеливост, друштвеност, колективност и развој на натпреварувачки дух.