
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ 2019 ГОДИНА
Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци на 13.05.2019 година со почеток во 11,30 часот во СС ,,Партизан“ во Кавадарци го одржа 28 општински натпревар по прва помош во категорија подмладок и младина .
На натпреварот зедоа учество 10 екипи и тоа 7 екипи во категорија подмладок од основните и 3 екипи во категорија младина од средните училишта од Кавадарци и Росоман.
Натпреварот се одвиваше на три работни места, со по три позиции, каде првото место во категорија подмладок го освои ООУ ,,Тошо Велков Пепето,, од Кавадарци, а во категорија младина екипата од гимназијата ,,Добри Даскалов,, од Кавадарци.
Судиите на натпреварот беа задоволни од покажаното знаење и интересот за првата помош на сите екипи од натпреварот. Во натпреварот беа вклучени и волонтерите од Клубот на млади на Општинската организација Кавадарци, кои помогнаа во успешно спроведување на истиот. Натпреварот се одвиваше со натпреварувачки дух, каде екипите ги покажаа своите знаења од правилна, навремена и ефикасно укажана прва помош.
Сите членови од екипите и менторите на истите се здобија со дипломи за учество на натпреварот, а за сите учесници пред натпреварот беше накратко одржана дисеминациска сесија, а по одржувањето на истиотт следуваше дружење и заеднички ручек.
Целиот настан беше проследен од локалните медиуми, во склоп на Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, кои го потенцираа значењето на правилно укажаната прва помош при повреди, без разлика дали повредата е настаната во домашни услови, на работно место или во сообраќајна незгода.