
Општински натпревар по прва помош 2023 во ООЦК Кавадрци
На 12ти Мај 2023 година во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци во спортската сала Партизан се одржа општинскиот натпревар по прва помош во категориите подмладок и младина.
На натпреварот земаа учество 8 екипи од средните училишта и 6 екипи од основните училишта од Кавадарци и Росоман.
На натпреварот беа организирани 5 работни бази на една траекторија од кои 3 бази беа предвидени за сценарија при кој се укажуваше првата помош, една база за дисиминација и една база за забавни игри и активности за градење на тим.
На секоја база учесниците од тимовите за време на нивното работење беа надгледувани и оценувани од судии а резултатите ги сумираше главниот судија.
Укажувањето на првата помош од страна на учесниците беше реалистично прикажано на поставените манекени кои имаа исценирано по една повреда.
На базата на дисиминација беа проверени општите знаења на учесниците за движењето на ЦК додека пак на базата за забава беа огранизирани повеќе забавни игри за градење на тим со цел да се поттикне тимската работа, со цел подобар пласман на натпреварот.
Од страна на комисијата за пребројување на поени беше направено рангирање на екипите при што првото место од категорија подмладок го освои екипата од основното училиште “Страшо Пинџур” од Кавадарци, а првото во категорија младина го освои екипата од Гимназијата “Добри Даскалов” представени под името Бели маици. И двете првопласирани екипи од двете категории добија по еден златен пехар и дипломи а сите останати учесници добија дипломи за второ и трето место и благодарници за учество на натпреварот.
За сите учесници следуваше дружење и заеднички ручек и комплетна опрема за учество на натпреварот.
Целиот настан беше медиумски проследен од локалните медиуми преку кои им беше изразена благодарност на одговорните лица на сите основни и средни училишта кои покажаа голем интерес и го поддржаа натпреварот.