март 26, 2019

ОРИЕНТЕРСКА СЕСИЈА

На 26 март во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци се одржа ориентерска сесија со дел од вработените лица од ООУ ,,Гоце Делчев“ од Кавадарци.
Бидејќи неколку вработени се веќе дел од Општинската организација како членови или волонтери и следејќи ја работата на Црвениот крст преку социјалните мрежи, кај нив се пројави интерес за поблиско информирање со улогата и задачите на Црвениот крст.
За време на одржувањето на сесијата тие покажаа интерес за вклучување во организацијата со активности од областа на подготвеност и дејствување при елементарни непогоди и катастрофи, социјално хуманитарната и здравствено превентивната дејност, затоа што во соработка на Црвениот крст и училиштето континуирано се работи на организирање на активности и настани од претходно споменатите области во кои главни носители се токму учениците со помош и подршка на одговорните лица, психолошко педагошката служба и наставниците.
Учесниците на сесијата изразија благодарност и задоволство од самата сесија, поттикнати за давање на нивен придонес со свои идеи во развој на локалната заедница заедно со останатите волонтери и членови на Црвениот крст и нивно активно вклучување во општинската организација.

 
< врати се назад