јуни 23, 2023

Ориентерска сесија

На ден 22.06.2023 година во објектите Бубамара и Гроздоберче  на детската градинка Рада Поцева Кавадарци беа одржани две ориентерски сесии од страна на ориентерот Трајанка Митрева.

Преку овие ориентерски сесии 20 лица вработени во детската градинка беа информирани за улогата и задачата на Црвен крст по дејности и за вршење на услугите со целните групи.

Целта на овие ориентерски сесии е привлекување на нови волонтери и членови во организацијата кои на самите сесии пројавија интерес за ангажирање во одредени области во рамките на работењето на Црвениот крст.

Присутните беа изненадени од обемот на активности кои ги врши црвениот крст за што добивме и пофални зборови, а токму тоа придонесе за продлабочување на соработката и во иднина бидејќи и досега соработката беше на завидно ниво и тоа во областа за обуки по прва помош со вработените и со децата од градинката.

< врати се назад