јули 17, 2019

ОСВЕЖИТЕЛЕН КУРС ПО ПРВА ПОМОШ ЗА ВОЗАЧИ

На ден 17.07.2019 (среда) во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци, а во склоп на кампањата „Твоето незнаење чини живот“ и во соработка со ППЕ и ЛС Кавадарци се одржаа освежителен курс по прва помош за возачи од страна на Д-р Ѓорѓи Митрев и демонстраторот Евица Димова.
На курсот кој траеше 90 минути присуствува 11 лица кој имаа можност да ги освежат знаењата за првата помош и истовремено да разменат искуства со предвачите, бидејќи и во нивната професија има животозагрозувачки ситуации.
На почетокот на курсот на присутните им беа поделени листови за самопроцена кои самите ги потполнија на почетокот и на крајот на предавањето. Кога ги споредија знаењата за првата помош пред и по предавањето донесен е заклучок дека се потсетиле на многу нешта кои им биле подзаборавени и научиле нови работи кои ќе му користат во иднина.
Сите присутни беа задоволни од реализираната обука што можеше да се види од евалуационите листови, а и самите изразија благодарност за предавањата реализирани од страна на предавачот и демонстраторот.
На крајот од страна на волонтерите беа поделени пригодни материјали.

 
< врати се назад