
ОСВЕЖИТЕЛЕН КУРС ПО ПРВА ПОМОШ ЗА ВОЗАЧИ
На ден 24.07.2019 (среда) во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци, а во склоп на кампањата „Твоето незнаење чини живот“ и во соработка со ЛС Росоман се одржаа освежителен курс по прва помош за возачи од страна на Д-р Ѓорѓи Митрев и демонстраторот Евица Димова.
На курсот кој траеше 90 минути присуствува 10 лица кој имаа можност да ги освежат знаењата за првата помош и истовремено да разменат искуства со предвачите.
На почетокот на курсот на присутните им беа поделени листови за самопроцена кои самите ги потполнија на почетокот и на крајот на предавањето. Кога ги споредија знаењата за првата помош пред и по предавањето донесен е заклучок дека потребни се вакви освежителни курсеви преку кои се обновуваат знаењата и се учат нови.
Сите присутни беа задоволни од реализираната обука што можеше да се види од евалуационите листови, а и самите изразија благодарност за предавањата реализирани од страна на предавачот и демонстраторот.
На крајот од страна на волонтерите беа поделени пригодни материјали.