март 14, 2023

ПЕТТО ИЗДАНИЕ НА КАВАДАРЕЧКИ ПОЛУМАРАТОН

На ден 12 Март 2023 година во термин од 11 до 15 часот во организација на Меридијан Атлетик Еко Клуб и во соработка со Општина Кавадарци се одржа петтиот Кавадаречки Полумаратон.

Во трката земаа учество повеќе од 420 тркачи во сите категории (детска трка, 5км, 10км и Полумаратон).

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци активно на барање на организаторот се вклучи во поддршка на настанот со присуство на своите млади волонтери. На настанот беа ангажирани  10 млади волонтери кои делеа вода на учесниците на трката со што придонесоа за освежување на учесниците во трката.

< врати се назад