
февруари 20, 2023
Поддршка на пожарникарите од Кавадарци кои ќе помагаат на настраданите од земјотресот во Турција
На ден 08.02.2023 година Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци им донира опрема за десет дневниот престој на екипата од противпожарната единица од Кавадарци што замина за Турција. И тоа 6 шатори, 12 вреќи за спиење и 40 ќебиња.
Се надеваме дека со нашата поддршка ќе им ја олесниме активноста на пожарникарите.












































