ноември 27, 2023

ПОКАЗНА ВЕЖБА “ЗЕМЈОТРЕС” ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ ДИМКАТА АНГЕЛОВ ГАБЕРОТ – ВАТАША

            На ден 24.11.2023 година во Основното училиште Димката Ангелов Габерот од Ваташа беше спроведена показна вежба од областа за подготвеност и дејствување во случај на елементарни непогоди и катастрофи, односно импровизиран земјотрес во училиштето.

            Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кавадарци на покана на одговорните лица од училиштето беше дел од субјектите кои земаа учество на оваа веќба со екипата за прва помош од општинскиот натпревар по прва помош, ученици од ова училиште.

            Екипата по прва помош навремено, професионално и брзо успеа да укаже помош на повредените лица до доаѓањето на брзата помош.

            Оваа вежба беше оценета како добро организирана и реализирана.

            Вежбата исто така беше проследена и од локалните медиуми.

< врати се назад