
ПОКАЗНО ТАКТИЧКА ВЕЖБА “КАВАДАРЦИ 2019”
На 23.11.2019 година во спортската сала “Јасмин” во Кавадарци се одржа показна вежба на тема “Обезбедување на лице место на несреќа, гаснење пожар, спасување, евакуација и транспорт на настрадани лица” организирана од Градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци и МВР на РМ, во која зеде учество Црвен Крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци со останатите субјекти на локално ниво.
Сценариото на оваа вежба се состоеше од појава на пожар на почетокот на ракометен натпревар во спортската сала кога во моментот на трибините имало поголема бројка на гледачи. По најавата на избувнатиот пожар преку разглас системот беа замолени сите присутни во салата да го напуштат објектот. Во таа паника од пожарот и намалената видливост во објектот две лица преку скали за излез се искачиле на покривот, во самата сала при излегување на присутните беа повредени неколку лица, во тоалетите имаше заглавени лица, а во целата гужва пред самата сала се случи и сообраќајна несреќа.
Од првичните информации е констатирано дека има повеќе загрозени гледачи на кои им треба укажување на прва помош. Покрај останатите институции кои се дел од обезбедувањето и заштита при вакви случаи голем придонес даде и Општинската организација на Црвен крст Кавадарци, која беше вклучена со 8 екипи за евакуација и укажување на прва помош на повредените.
Вежбата помина во најдобара ред така што секоја институција си ги исполни своите зададени задачи. Ова е уште едно големо искуство за волонтерите на Црвен крст за справување со ризични ситуации.