октомври 16, 2024

ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС

По повод Неделата на борба против гладта што се одбележува од 16-22 октомври Црвен Крст Кавадарци се вклучува во кампањата “Помислете на нас”.
Целта на оваа кампања е покренување на општото мислење на јавноста за проблемите на сиромаштијата.

За таа цел учениците од III одделение од Тошо Велков Пепето Кавадарци со својата учителка ја посетија Општинската организација на Црвен крст Кавадарци и донираа прехрамбени призводи.

Од истите ќе бидат направени пакетчиња и истите же бидат донирани на лица кои имаат потреба од истите.

Во исто време учениците се запознаа со улогата и задачите на Црвениот крст и се договоривме за идни заеднички акции.

< врати се назад